Абутовиќ го засилува македонскиот првак

Илија Абутовиќ, српскиот лев бек, познат по своите дефанзивни квалитетити следната сезона ќе биде дел од екипата на Е. Пелистер.
Информацијата за овој трансфер ја објавија српски медиуми според кои, без прашалници, договорот е веќе завршена работа и Абутовиќ е нов член на битолскиот тим.

Илија Абутовиќ е добро познат на македонската јавност, како своевремено член на Вардар. Во Скопје дојде во 2011 од редовите на Слован, во тимот што тогаш го тренираше Веселин Вујовиќ. Остана во Вардар до 2018 притоа освои и шампионски пехар од ЛШ.
Потоа замина во РНЛ каде што играше четири години, а од 2022 е член на францускиот тим Шарт.
Абутовиќ сега има 35 години и многу повеќе искуство акумулирано и како репрезентативец и на клупската сцена.
За битолскиот тим, би бил големо дефанзивно засилување за претстојната сезона во која ќе ја брани титулата првенствено од Вардар, а во Лигата на шампионите ќе се обиде да ја прекина долгата низа на порази.

ОБНОВЕНО: Е. Пелистер го потврди трансферот на Илија Абутовиќ

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk