Тренерски трансфери и вести

Фернандо Бербеито, шпанскиот тренер кој минатата сезона го водеше тимот на Кретеј од Франција, е новиот тренер на египетскиот тим Замалек.

Алберто Ентрериос по заминувањето од Нант, ново гнездо има во Лимож. Познатиот шпански ас потпиша продолжување на договорот до 2027.

Двајцата селектори на репрезентациите на Словенија потпишаа продолжување на договорите. Урош Зорман продолжува како селектор на машката, а Драган Аџиќ на женската. Двете словенечки репрезентации ќе играат на Олимписките игри во Париз.

Денеска завршува Едиција 2024 на меѓународниот ракометно-тренерски проект „Handball4all“. Годинава се одржа во Белград, а гости имаше од Македонија. Кирил Лазаров беше предивдено да биде еден од предавачите на летната академија. Можно е некое од следните изданија да биде и во Македонија, со оглед на тоа дека проектот го организира и води поранешен македонски селектор, Драган Ѓукиќ.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk