Кузмановиќ промовиран во Германија

foto: VFL Gummersbach

Хрватскиот голман Доминик Кузмановиќ е промовиран во нов чувар на мрежата на германскиот тим Гумерзбах.

Младиот голман на Нексе вниманието во Германија го привлече на последното ЕХФ Еуро кога на дуелот со домашниот германски тим беше прогласен за играч на натпреварот во големата победа на Хрватска. Уште тогаш практично стана јасно дека деновите на Кузмановиќ во Нашице се одбројани и дека му престои ново повисоко ниво во кариерата.
Гумерзбах од друга страна е 12 кратен шампион на Германија и петкратен европски првак. Тоа беа времиња од пред 40 години, потоа долго време беше просечен и потпросечен тим, испадна од најсилната конкуренција... Во 2020 на клупата дојде Гудјон Валур Сигурдсон, легендарното крило од Исланд и под негова команда екипата почна да оди по нагрна линија. Во 2022 освоија Куп, а сезонава завршија на шестото место и ќе играат во квалификациите за ЕХФ Европската лига.

Покрај Кузмановиќ во овој клуб следната сезона нови играчи се и Французинот Кентан Мае од Веспрем и исландскиот ас Теитур Еинарсон кој доаѓа од Флензбург





 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk