Бергишер ангажираше Литванец, специјалист за одбрана

foto: Aix Provence

Машката сениорска репрезентација на Македонија есенва ќе почне нов квалификациски циклус, за пласман на ЕП 2026. Противници за првите две места кои со сигурност носат пласман на ЕП се репрезентациите на Словенија, Литванија и Естонија.

Неодамна објавивме дека Денер Јаанима и Карл Том, двајца од најдобрите играчи на Естонија следната сезона ќе играат во ист тим на Блискиот исток.

Денеска е објавена информација и за трансфер на еден од најдобрите играчи на Литванија. Гердас Бабарскас (30) по шест години минати во Франција во екипите на Шамбери и Екс Прованс, одново ќе игра во Бундеслигата. Неговиот нов тим е Бергишер, екипа која годинава испадна од најсилната конкуренција и веќе подготвува тим за брзо враќање во елитата. Бабарскас е лев/централен бек со специјалност - игра во одбрана. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk