Усама Хосни се враќа во Битола


Усама Хосни, тунискиот десен бек, се враќа во македонскиот ракомет по едногодишно играње во Катар за Ал Араби, каде што тренер следната сезона ќе биде поранешниот македонски селектор Данило Брестовац.
Неговото враќање во Пелистер е значајно засилување за тимот, кој се подготвува за новата сезона со амбиции за одбрана на шампионската титула.

Хосни, кој претходно остави позитивен впечаток во Битола ќе има солидна поддршка на десната бековска позиција, во словенечкиот интернационалец Нејц Цехте.

Битолскиот клуб денеска ќе биде во ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите и ќе го дознае противниците со кои ќе се сретне во првата фаза од елитното натпреварување на ЕХФ. Очекуваме и нови потписи со оглед на тоа дека засега клубот на играчки план нема направено позначајни измени што би го направиле поконкурентен од минатата сезона во ЛШ.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk