Нов клуб за поранешниот вардарец

Српскиот шампион Војводина следната сезона преку квалификации ќе се обиде да стигне до групната фаза од ЕХФ Европската лига, затоа што рејтингот на нашите северни соседи е толку низок што немаат директно место во вториот по сила европски куп.
Војводина минатата сезона беше блиску и до елиминациите во Европската лига, а сезонава направи неколку поголеми играчки промени.
Грегор Оцвирк, словенечкиот бек кој своевремено како суперталентиран јуниор пристигна во Скопје и играше за Вардар е дел од играчките промени во Војводина. Тој беше таму две и пол години пред да добие понуда од Ал Аин (ОАЕ) што беше прифатена и од него и од клубот и сезоната ја заврши на Блискиот исток.
Следната сезона ќе игра во Унгарија. Потпиша договор со екипата на ПЛЕР.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk