Пасквал го понесе и Циндриќ

Трансфер што беше најавен, па го снема од сцената во долгиот процес во кој Хавиер Пасквал како се уште актуелен тренер на Динамо Букурешт преговараше со Веспрем е преминот на Лука Циндриќ во пакет со шпанскиот тренер.
Откако се формализираше трансферот на Пасквал во Веспрем, а на Дејвис во Динамо Букурешт, однoво во фокусот се враќа и Лука Циндриќ.

Според романските медиуми, Веспрем и натаму инсистира на трансфер на Циндриќ, а трансферот е возможен затоа што Циндриќ во договорот има клаузула со која може да се ослободи.
Не е само Веспрем, туку наводно уште еден шпански тренер го сака во своите редови, а тоа е Раул Гонзалез кој соработуваше со Циндриќ во Вардар, а сега го води Пари Сен Жермен.
Според хрватски медиуми, договор меѓу Циндриќ и Веспрем наводно веќе е постигнат и прашање на време е кога ќе биде објавен.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk