Симната суспензијата на Никола Портнер

Членовите на Извршната комисија во Бундеслигата, со едногласна одлука ја укинаа суспензијата на голманот на Магдебург, Никола Портнер.
Во урината на австрискиот репрезентативен чувар на мрежата со југословенски корени, беа пронајдени траги на метафетамин и во двата примерока и тоа повлече автоматска суспензија.
Потоа почна истрага која не даде резултати што би оправдале сомневања дека се работи за тип на спортист кој би можел намерно да ги подобрува своите перформанси користејќи недозволени средства.
Портнер, без разлика на сѐ, ги пропушти најважните натпревари на Магдебург во сезоната, вклучително и Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Келн.

photo: HB Montpellier

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk