Брестовац продолжува во Катар

Блискоисточната авантура на поранешниот селектор на Македонија, Данило Брестовац ќе продолжи и следната сезона и тоа во еден од најголемите клубови во регионот, катарскиот Ал Араби.
Данило Брестовац остави добар впечаток работејќи на позицијата селектор на Обединетите Арапски Емирати и подоцна во екипата на Ал Сафа од Саудиска Арабија и неговиот рејтинг во овој специфичен ракометен регион е висок, а вратите му се отворени.

Ал Араби е клуб кој е познат по високите амбиции и следствено ќе има и големи очекувања од македонскиот тренер. Тие се победниците на Катар Куп каде во финалето го совладаа локалниот ривал Ал Духаил, но загубија од истиот противник во Купот на Емирот.

Очекуваме да видиме и низа нови и атрактивни имиња во составот на Ал Араби за следната сезона што ќе го направи тренерскиот ангажман на Данило Брестовац посебен и полн со поинакви предизвици.
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk