Кил ја комплетираше сезоната која според резултатите е најслабата во последните 20 години. Тоа подразбира комплетна анализа во клубот и како што изјави директорот за германските медиуми, не е исклучено носење на непопуларни одлуки.
Посебен дел од анализата е и работата на тренерскиот тим. Филип Јиха, некогашниот ас, сега предводник на „зебрите“ е во непријатна ситуација. Секако дека тој носи одговорност за резултатите, но од друга страна клубот се обиде да ги замени Никлас Ландин и Сандер Сагосен со Самир Беласен и Елефсен а Скипаготу, а тоа во врвниот ракомет не проаѓа без да се плати сметката.
Кил засега го брани Филип Јиха, но не може да исклучи носење на непопуларни одлуки.
foto:lidovky