Македонија денеска во битка за 1/4 финале

Женската јуниорска репрезентациа на Македонија денеска ќе го одигра четвртиот натпревар на Светското јуниорско првенство. 
Македонија е во главната рунда заедно со репрезентациите на Исланд и Португалија кои имаат по два бода и репрезентацијата на Црна Гора која исто како и Македонија е без бодови.
Во оваа фаза ќе одиграме два натпревари, денеска со Португалија и во последното коло со Црна Гора. Поразот од Исланд во Прелиминираниот дел го понесовме со нас во Главната рунда. 

Португалија не звучи многу опасно, но имаат голем напредок и во женскиот ракомет за што сведоачат резултатите на Бенфика на пример, а познато е дека кај нив сѐ тргнува од младите категории. 
Ја совладаа Црна Гора и тоа е уште еден доказ дека се работи за сериозна екипа која има амбиции за повисок пласман, но и капацитет да ги оствари. 
Македонија, со пласманот во Главната рунда го тргна од својот грб тешкиот товар на резултатските очекувања на јавноста, сега веруваме дека е ослободена од притисокот ќе може да прикаже повеќе. 
Денеска е големата шанса да се фати ред во предните вагони,тие што значат играње од 1-8 место. Пораз сосема извесно нѐ враќа во групата на репрезентации што ќе играат од 9-16 место.

Натпреварот ќе се игра во салата „Борис Трајковски“ со почеток од 16:15 часот. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk