Новокрунисаниот европски првак, Барса, за следната сезона во својата екипа ќе го има на располагање 23 годишниот Хуан Паломино, ракометар што игра на позиција лев бек.
Паломино беше регрутиран од Барса пред две сезони, додека беше ракометар на екипата на Антекера.
Веднаш беше позајмен во Логроњо Ла Риоха, па имавме можност и да го гледаме на дуелите со Алкалоид во ЕХФ Европската лига минатата сезона.
По две години минати на калење во Логроњо, Хуан Паломомино се враќа во Барса и ќе го одработи до крајот договорот кој истекува во јуни 2025.
фото: rfemb