Македонија и следната сезона во Лига на шампиони!

Ракометната сцена во Македонија се соочува со големи предизвици во обидот да го задржи своето место на европската елитна мапа. Денеска доби голем плус, екипата на Еурофарм Пелистер, македонскиот ракометен првак останува дел елитното европско натпреварување, Лигата на шампионите, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) им додели вајлд карта за следната сезона.

Оваа одлука е многу важна бидејќи ланската сезона резултатски беше особено тешка за битолскиот клуб, со порази во сите 14 натпревари во кои учествуваа во Лигата на шампионите. 
Сепак, клубот имаше амбиции и поднесе барање за специјална покана, заедно со други 11 клубови, а конкуренцијата иако беше жестока на крајот успеа да обезбеди место.

Екипите кои добија вајлд карти за ЛШ следната сезона се: Келце, Сегед, Нант, Загреб, Динамо Букурешт, Е. Пелистер и Фредериција. 

Што се однесува до елитата, наскоро би можеле работите да се променат на подобро, за нас. Имено, следната сезона на Лигата на шампионите би можела да биде и последната која ќе се игра во сегашниот формат и ЕХФ би требало наскоро да објави дека ќе има промени во структурата на натпреварувањето.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk