Кавадарчани донесоа странски пикер

Екипата на ГРК Тиквеш промовираше нов ракометар во својот тим. Уште еден странец доаѓа во Кавадарци и македонското првенство.
Тиквеш промовираше украински ракометар, Данило Осадчиј. Тој е пикер има 24 години и висок е 197 сантиметри. Осадчиј е поранешен играч на Донбас и Мотор. Последната сезона ја играше во шпанската Асобал лига во екипата на Хуеска.
Неговите бројки во Шпанија се скромни. Во состав бил на 30 натпревари, постигнал 10 гола или просечно 0.33 по натпревар. Тие 10 гола се распоредени на девет натпревари. 

ГРК Тиквеш донесе неколку нови ракометари за следната сезона и се пријави за вајлд карта за ЕХФ Куп каде што играше и минатата сезона. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk