Ландин ќе биде знаменосец на Данска во Париз

Данскиот олимписки комитет одлучи улогата на знаменосец на данската спортска експедиција на Олимписките игри во Париз да биде ракометар.
Наспроти очекувањата дека тоа би можел да биде Микел Хансен кој на ОИ ја завршува кариерата, изборот беше малку поинаков. Никлас Ландин, голманот кој на ОИ Париз ја заршува репрезентативната кариера е избран да го носи дансккото знаме на Олимписките игри. 
Ландин ќе стане 27 ракометар кој носел знаме на отворање на Олимписки игри. На овој список има доста познати имиња, меѓу кои се Ахмед Ел Ахмар од Египет, Бојана Поповиќ и Јованка Радичевиќ, Ивано Балиќ, Кјун Шин Јон, Карол Биелецки...
Можно е Ландин и да не биде единствениот, подолго време се зборува и дека Никола Карабатиќ би можел да биде францускиот знаменосец.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk