Селекторот Јанев направи принудна измена

Македонската У20 репрезентација, домаќин на Светското јуниорско првенство се соочи со нов проблем уште по првиот натпревар одигран на мундијалот.
Нашиот тим убедливо ја совлада селекцијата на САД, но на тој натпревар остана без еден од главните играчи во составот, Бојана Коцева, која по 10 минути игра беше изнесена од теренот.
Официјална потврда за типот и сериозноста на повредата сѐ уште нема, но сигналите не се добри и селекторот Дарко Јанев мораше да направи принудна измена во тимот. Средниот бек Ева Ѓоргиевска е повикана во составот и ќе ја преземе улогата на Бојана. 

Списокот на повредени играчи во македонскиот тим не е занемарлив, но и покрај тоа од стручниот тим најавуваат дека мотивирноста ќе остане на високо ниво и дека ќе одиме без математики со единствена цел да се победи и на следните натпревари. 

Македонија следниот меч ќе го игра утре, а противник ќе ни биде првиот фаворит во групата, репрезентацијата на Исланд. 

Поврзани вести