Кил и Магдебург во трка по Волф

Долго време Магдебург важеше за прв фаворит за трансфер на германскиот репрезентативен голман Андреас Волф назад во Бундеслигата.
Но, сега доплива уште една голема ајкула. Екипата на Кил влезе во преговори со менаџерите на Андреас Волф и полскиот вицешампион Келце. 
Волф веќе беше голман на Кил и замина од клубот затоа што не сакаше да поминува многу време како замена за Никлас Ландин. Но, Данецот веќе не е на голот на Кил, а Волф во меѓувреме имаше голем напредок во секој поглед и работите се променија.
Трката меѓу Кил и Магдебург се вжештува и на крајот ќе пресуди повисоката отштета. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk