Чистка во ЦСКА, Висла најави шест играчи...

Големи промени има во руската екипа ЦСКА Москва каде што досега играше и македонската репрезентативка Сара Ристовска. Од екипата заминуваат тренерот Олга Акопјан, асистентот Људмила Бодњиева и генералниот директот на клубот Едуард Акопјан. 
Елена Казакова е нов директор, познатиот играч Олег Кулешов е новиот тренер, а ќе му асистира една од најпознатите руски ракометарки, Надежда Муравјева. 

По Тим Цокан и Митја Јанц, новиот полски шампион Висла Плоцк го промовираше и третото засилување од вкупно шест најавени. Исландскиот голман Виктор Халгримсон ќе брани во Плоцк една сезона пред, според најавите да се пресели во Барса.

Каква ракометна земја е Норвешка може да долови податокот дека таму во 2023 имало регистрирано импресивни 142.000 ракометар(к)и.  Ќе направивме паралела со Македонија, според процентот на жители. Тоа би било слично како во Македонија да има регистрирано околу 50.000 ракометари. А кај нас има грубо пресметано околу 1500.  

Екипата на Истад од Шведска мораше уште сега да ангажира замена за својата прва ѕвезда. Легендарниот Ким Андерсон (41)  е повреден и веројатно долго ќе отсуствува штом клубот ангажираше нов играч уште во јуни. Но, нема објавено информации Истад за типот на повредата и претпоставеното отсуство. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk