Бундеслигата „цвета“ со гледаност

foto: THW Kiel

Германската ракометна Бундеслига годинава запиша големи броеви кога е во прашање гледаноста и тоа гледаноста во живо, низ арените во Германија. 

Најгледан тим е Кил, тој имаше во просек по 10.192 гледачи на домашните натпревари. Второто место на оваа табела го зазема тимот на Берлин кој во просек имал гледаност од 8370, потоа следува РНЛ со над 8000, па Хановер со 6700 и шампионот Магдебург со 6570. Просекот е за 17 натпревари одиграни на домашен терен.

Но, треба да се напомене дека тука голема улога играат и капацитетите на салите. Процентуално, салата на Магдебург била исполнета 99.6% на секој домашен натпревар и е на првото место пред Кил чија сала била исполнета 99.2 %. 

Вкупно за Бундеслигата, просекот на над 300 одиграни натпревари е 5000 гледачи по натпревар. 

Цената на влезните билети, се движи од 15-20 евра па нагоре. Ако земеме за слободен пример дека во Кил просечната цена на билет е 30 евра, математиката вели дека од билети инкасирале бруто околу 5.200.000 евра. Тука не ги сметаме пријателските и натпреварите од Лигата на шампионите. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk