Мандалиниќ оди во Кувајт

Стипе Мандалиниќ, хрватскиот бек кој еден период од кариерата мина во битолски Пелистер, а летово беше во преговори и со Охрид, реши да се премине на ориентален ракомет и следната сезона ќе настапува во екипата на Буркан, каде што неодамна потпиша и Косуке Јасухира, вардаровиот Јапонец.

Стипе Мандалиниќ, Битола ја замени со Атина, а сезонава кокетираше со повеќе клубови. Како играч на АЕК стигна до финалето на Плејоф, каде што вчера во петтиот решавачки натпревар беа поразени од големиот ривал Олимпијакос.  
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk