Тешки моменти за женскиот тим Нант

Порај препознталивиот ракометен брен Нант во машкиот ракомет, последните три години во подем беше и женската екипа која се вика Нептун Нант и која минатата сезона стгина до полуфиналето на ЕХФ Европската лига. 
Главниот акционер во клубот, а тоа е групација, компанија што се занимава со трговија со недвижнини, објави дека итно го продава својот дел од акциите во клубот. Причината е кризата на пазарот за недвижности во Франција и компанијата мора да крати буџет, а меѓу првите по обичај се спортските колективи. 
Ова ја натера познатата Хеле Томсен која е тренер  на Нант и на неколку познати ракометарки како што се Ана Лагерквист, Хелене Фауске, Тамара Хорачек и други, да почнат да размислуваат за напуштање на екипата, иако групацијата тврди дека буџетот за следната сезона им е обезбеден и нема да имаат проблеми за настапат во првенството. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk