Крстевски е МВП, турнирот со повисока цел

Заврши тридневното ракометно дружење во спортскиот центар „Марко Божиновски“ во скопски Аеродром организирано од истоимената фондација која освен турнирот работи и на други проекти. 
Оваа година почна нов проект – опремување на спортски клубови ширум Македонија со мерачи на срцевиот ритам. Како мисија поставија да обезбедат што е можно повеќе мерачи за што повеќе спортски клубови во Македонија и на тој начин да обезбедат дополнителна заштита од кардиолошки проблеми кај младите спортисти.

Турнирот ги оправда очекувањата и си го етаблира своето место на ракомната карта на Македонија. Учествуваа осум екипи, пехарот по втор пат заврши во витрините на Алкалоид. Второто место е за Коњух, трети се битолчани од Е. Пелистер, потоа Морнар од Црна Гора, а настапија и Вардар, Струга, Одорхеи, Бутел Скопје. 

Најкорисен играч на турнриот беше Марин Крстевски од Алкалоид. Ова талентирано момче веќе е влезено во кругот на македонските ракометари кои ги сметаме за (голема) надеж на нашиот ракомет, заедно со неговите соиграчи, кои се рамо до рамо, веќе добри две сезони напредуваат и одат по нагорна линија. Следната сезона, ќе имаат поголеми одговорности и ќе треба да го направат следниот чекор напред во развојот. 

Наградата за најдобро лево крило, позицијата на која играше Марко Божиновски ја доби Марко Димовски од екипата на Е. Пелистер. 

За најдобар голман беше избран чуварот на мрежата на Коњух, Амел Мухавдиќ, а пехарот за најдобар стрелец го освои ракометарот на Морнар, Данило Бутиќ. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk