Алкалоид го освои меморијалниот турнир „Марко Божиновски“

Екипата на Алкалоид е победник на третиот меморијален турнир „Марко Божиновски“ што се играше минативе три дена, а вечерва финишираше со финалето во кое во реприза на ланското финале се сретнаа екипите на Алкалоид и Коњух од БиХ. 
Победник и овој пат беше е кипата на Алкалоид. По израмента борба во текот на целиот меч, на крајот се сведе на напади во последните 30 секунди. При резултат 27-27, Алкалоид погоди за водство, а потоа последниот напад на гостите од БиХ заврши со голманска интервенција за конечна победа. 



Ова е вторт триумф на Алкалоид во третото издание на турнирот што се игра во чест на прерано починатиот ракометар Марко Божиновски. Третото место го освои Е. Пелистер со победа над гостинот од Црна Гора, екипата на Морнар.
Учествува и екипите на Вардар, Бутел Скопје, Струга и трет гостин од странство, екипата на Одохеи од Романија.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk