Второ засилување за ЖРК Пелистер

Женската екипа Пелистер 2012, минатата сезона ја заврши на средината на табелата. Имаше и подеми и падови, но генерално одигра сезона во која имаа повеќе позитивни работи по кои ќе ја паметат. 
Следната, би требало да бидат поконкурентни, да донесат повеќе возбуда и да привлечат повеќе внимание. 

Во Битола се составува добра екипа. Веќе објавивме дека следната сезона нивна ракометарка ќе биде младинската репрезентативка Ема Кирова која е голман, а сега битолчани објавија уште едно ново име. 

Јована Конева, кадетска репрезентативка која игра на позициите лев и централен бек ќе се пресели во редовите на Пелистер 2012. Таа доаѓа од екипата на Овче Поле, а во Битола пристигнува со репутација на добар стрелец со оглед на тоа дека минатата сезона постигна 170 гола. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk