Стојчевиќ е прво засилување за Т. Пролет

Екипата на Т. Пролет се чекираше на трансфер маркетот со првото засилување за следната сезона. Пикерот Стефан Стојчевиќ, играч кој минатата сезона играше за екипите на Алкалоид и Мулти Есенс потпиша за скопскиот клуб. 
Стефан Стојчевиќ има одлични физички предиспозиции за игра на линијата. Висок е 207 сантимтери и тежок 106 килограми, може да игра и во два правца и има само 21 година. 
Играше за екипата на Аеродром од каде во премина во Бутел, потоа една полусезона мина во Алкалоид, а последните шест месеци во екипата на Мулти Есенс. 

Втората добра вест од клубот Тинекс Пролет е дека го задржаа во своите редови и Александар Василевски, со кого беше потпишан нов договор и искусниот лев бек и во новата сезона останува дел од клубот.
Василевски важи за беспрекорен шутер, на неколку овосезонски натпревари беше и најдобар стрелец на Тинекс Пролет, а игра и значајна улога во одбраната на тимот на Александар Јовиќ.
Тинекс Пролет продолжува со преговори за ангажман на уште неколку засилувања со кои би бил заокружен ростерот за наредната натпреварувачка сезона.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk