Јанев: Прва цел е да ја минеме групата

Најдобрите светски репрезентации, втор пат за две години ќе се соберат во Скопје и ќе ја претворат македонската престолнина во главен ракометен град во светот во периодот од 19 до 30 јуни. 
Најдобрите 32 репрезентации откако во 2022 како кадети, годинава како јуниори ќе настапат на 24 Светско првенство. 
Посебен товар секогаш има домашната репрезентација која ќе мора да се носи и со очекувањата на фановите и целата спортска јавност, а честа и одговорноста да ја води екипата овој пат ќе ја има младиот тренер Дарко Јанев кој го наследи на кормилото поранешниот селектор Љубомир  Савевски.

За очекувањата и предзивците со кои се соочуваше, селекторот на македонскиот тим вели:

„На ова првенство нашата репрезентација ќе настапи во мешан состав, а тоа ќе бидат девојки од генерацијата 2004/2005, како и перспективните ракометарки од 2006/2007 генерацијата.
Нѐ очекуваат низа интересни и тешки натпревари против најдобрите светски репрезентации. Ќе бидам скромен и внимателен и не сакам да ветувам ништо пред почетокот на првенството. Нашата прва цел е да ја минеме групата. Ќе одиме чекор по чекор и ќе се трудиме од натпревар во натпревар да бидеме сѐ подобри.

Домашната репрезентација има проблеми со играчкиот кадар затоа што неколку играчи нема да бидат на располагање на селекторот. Меѓу нив има и играчи што се важни алки во системот на јуниорската репрезентација. 

„Имавме пехови. На ова првенство ке ни недостасуваат и тоаа многу повредените и рековалесценти играчи  Несторовска, Коловска, Дуковска, Велкова кои беа предводници на оваа генерација. На првенството нема да можам да сметам и Јанкуловска која заработи скршеница на стопалото,  а неизвесна е и Радевска“, вели селкторот Јанев.

Македонија првиот меч ќе го игра на денот на отворањето, на 19 јуни против репрезентацијата на САД (20:30). Потоа следат дуелите со Исланд и Ангола, а двете подобропласирани репрезентации ќе пласираат во Главната рунда. 
Во пресрет на СП, Македонија досега одигра два натпревари од затворен тип и забележа победи над Бразил и Кина. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk