Трансфери: Бебешко, Калуѓеровиќ, Дуарте...

foto: SEHA

Сергеј Бебешко, легедарниот украински тренер се враќа на сцената. Екипата на Бузау 2012, го ангажираше украинскиот тренер за следната сезона. 

Поранешниот ракометар на Металург, црногорскиот бек Василије Калуѓеровиќ заминува од екипата на Ал Кадсија и следната сезона ќе игра за екипата на Ал Кураин. 

Ал Кураин потпиша и десен бек и тоа од редовите на Флензбург. Австриецот Борис Живковиќ кој во февруари пристигна во Флензбург како замена за Кај Смитс, си ги одработе своите месеци во тимот. Со враќањето на Симтс на терен и неговата улога се измени, па реши среќата да си на проба во Кувајт. 

Несудениот вардарец Жилберто Дуарте би можел да ги засили редовите на Порто. Тој во моментов настапува за екипата на Екс Прованс од Франција. 

Бенфика го позјами својот 23 годишен бек Густаво Оливеира на шпанскиот тим Ваљадолид. Овој ракометар ќе биде замена за македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, а ќе биде соиграч на други двајца македонски ракометари, Мартин Карапалевски и Димитар Димитриоски. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk