Ема Кирова го засили Пелистер

Женскиот ракомет многу брзо ќе се врати на главната сцена во Македонија преку Јуниорското светско првенство кое на 19 јуни почнува во Скопје. 
Македонија во улога на домаќин, две години по Кадетскиот мундијал ќе ја промовира генерацијата на ракометарки кои досега имале најголема шанса за напредок, гледајќи од агол на учества на големи натпреварувања и спредување со најдобрите во светот на нивна возраст. 
Што ќе понуди Македонија ќе видиме, нашиот ракомет главно се темели на ракометарки кои гравитираат околу бројата „20“ кога се годините во прашање, било да е плус или минус некоја година. 

Една таква ракометарка, голманката Ема Кирова која е дел од поширокиот список на репрезнтативки пред Мундијалот, а која веќе има запишано и настапи за сениорската репрезентацијата во последните квалификации, направи трансфер во рамки на македонската Суперлига. 

Кирова заминува од екипата на Ѓорче Петров и следната сезона се обврза за настап во Пелистер. Женскиот битолски проект би требало да заживее и да биде подобро рангиран следната сезона, а голманот кој беше прогласуван за најдобар голман и на кадетски и на младински фајналфор (2022 и 2023) е добра основа за формирање на здрава одбрана. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk