Давид Дејвис претставен во Букурешт

Требаше малку време, но се потврдија информациите за тренерската смена во Динамо Букурешт од каде замина Чави Пасквал со дестинација Веспрем, а во романската престолнина пристигнува познато име - Давид Дејвис. 

Дејвис, поранешен ракометар на некогашниот БМ Ваљадолид, подоцна на Сиудад, Атлетико и Порто, тренерската кариера ја почна во Скопје, во 2014 како асистент во Вардар. Потоа премина на клупата на ЖРК Вардар, а оттаму во пакет со Едуард Кокшаров стана асистент во женскиот национален тим на Русија.
Не остана долго таму, прифати да биде селектор на Египет, потоа го водеше и Веспрем, па заврши во Ал Ахли од Каиро. Од таму се сели во Букурешт. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk