Трансфери: Португалскиот селектор ќе го води Целје

Селекторот на Португалија, Пауло Переира ќе биде новиот тренер на словеченкиот Целје Пивоварна Лашко. Ланскиот првак на Словенија годинава заврши на третото место и предвреме се раздели со тренерот Алем Тоскиќ. Переира останува на кормилото на португалската репрезентација. 

Барса, новиот европски првак, го продолжи договорот со тренерот Антонио Карлос Ортега и тој ќе остане на кормилото на клубот најмалку до 2027. 

Данскиот вицепрвак Фредериција постигна нов договор со исландскиот тренер Гудмундур Гудмундсон. Неговиот договор истекуваше 2025, сега е продолжен до 2027. 

Словенечкиот тренер и селектор на женската репрезентација на Србија, Урош Брегар потпиша нов едногодишен договор и останува асистент на Пер Јохансон на клупата на новиот европски првак Ѓер. 

Одамна најавивме, сега е официјално, Магнус Андерсон е старо нов тренер на Порто. Тој требаше да го преземе францускиот Екс Прованс, но Порто незадоволен од оствареното под водство на тренерот Карлос Ресенде, реши да го врати Андерсон назад. 

Веспрем официјално потврди дека нема да им бидат продолжени договорите на тренерот Момир Илиќ и асистентот Петер Гулјаш. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk