Божидар Илиески го засили Прилеп

Екипата на Прилеп го претстави своето второ засилување за следната сезона. Во родниот град се враќа Божидар Илиески, централниот бек кој минативе сезони ги мина во редовите на Алкалоид и Мулти Есенс. 
Илиески беше еден од главните играчи на Мулти Есенс, напредуваше многу во скопските клубови и сигурно ќе биде еден од главните играчи и во прилепскиот состав, иако има само 20 години. 
Ова е второто засилување за Прилеп, откако вчера го претставија пикерот Александар Тренчевски. 

Божидар Илиески е петтиот ракометар од редовите на Алкалоид/Мулти Есенс кој летово ќе засили некој од македонските суперлигаши, а според шпекулациите можеби и нема да биде единствениот кој доаѓа во Прилеп. 
Досега крилата Дарио Кофилоски и Мартин Димовски потпишаа за ГРК Тиквеш, Теодор Тодески за Бутел Скопје, Давид Димевски за Куманово.  
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk