Конку осуден за сексуална егзибиција

Завршената е драмата на францускиот ракометар Беноа Конку. Тој беше обвинет од извесна девојка за обид за силување во еден париски клуб во кој играчот ја прославувал европската шампионска титула на Франција. 
Конку мина добро, затоа што не е осуден за силување туку за сексуална егзибиција и ќе плати казна од 4100 евра. 
Конку по инцидентот беше суспендиран и од неговиот клуб Келце, но подоцна се врати на теренот. Сега нема да има проблем ниту за настап на ОИ Париз, иако нивниот официјален тим сѐ уште не е дефиниран. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk