Жесток плејоф во Грција

Иако ЕХФ им наложи на сите ракометни федерации, националните првенства да завршат пред да се одигра Фајнафор во Келн, за Грција тоа не важи.
Финалето на нивниот Плејоф во кое се сретнаа АЕК и Олимпијакос уште се игра. А се игра жестоко, со многу тензии (четвриот меч се играше без публика) и многу емоции во дуелите. 
Во моментов резултатот е 2-2, откако АЕК без повредените Мандалиниќ и Јонсон, славеше на последниот меч со резултат 28-23. Претходно Олимпијакос имаше меч топка откако по продолженија прв стигна до две победи. 
Решавачкиот петти меч од финалната серија ќе се игра во недела, а домаќин на тој меч е екипата на Олимпијакос.

foto: Olympiacos

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk