Танкоски потпиша за Вардар

Централниот бек Марио Танкоски по пет години минати во Металург и четири во Е. Пелистер, следните две ќе биде играч на РК Вардар 1961.
Трансферот на Танкоски во Вардар беше актуелен извесно време наназад, како што се расплеткуваше клопчето во Битола, паралелно со скопското каде што Мартин Карапалески и Косуке Јасухира лани ја имаа таа позиција. 

Денеска црвено-црните официјализираа, па така можеме да заокружиме дека од централната бековска позиција следната сезона во Вардар ќе диригираат Младен Крсманчиќ и Марио Танкоски. 

Покрај Крсманчиќ и Танкоски во Вардар следната сезона како нови играчи ќе бидат и Горига, Мергели, Пинто и Стојановски. 

foto: rkvardar

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk