ГРК Тиквеш ги претстави новите крила

По обновувањето на договорите со Мијатовиќ, Обина и Манасков, промоцијата на тренерот Драган Марковиќ, екипата на ГРК Тиквеш од Кавадарци денеска објави договори со двајца нови ракометари. 
Тоа се Дарио Кофилоски кој игра на дефицитарната позиција во македонскиот ракомет - лево крило и Мартин Димовски кој игра на спротивната страна. Двајцата доаѓаат од редовите на Алкалоид и ќе бидт засилувања, затоа што се работи за квалитетни и добро тренирани ракометари. 

ГРК Тиквеш сезоната ја заврши на петтото место, но тие беа Х факторот во трката за шампионската титула поради нивната победа над Вардар 1961 што на крајот имаше клучно значење во изгледот на конечната табела. Аплицираа за место во ЕХФ Куп, за вајлд карта. Не би шпекулирале дали шансите да ја добијат им се добри или не, тоа ќе зависи од неколку фактори врз кои и не може да се влијае, како на пример бојот на пријавени екипи. Една од работите што можат да ја „одиграат“ е да прикажат компетитивен тим и добри услови. 

Од друга страна, „оспоруваниот“ Алкалоид сезонава добро ќе засили неколку клубови во македонското првенство. Кавадарчани ги имаат нивните крила, Бутел Скопје го доби левиот бек Теодор Тодески и неофицијално е во игра за уште најмалку двајца ракометари од Автокоманда, додека Куманово го доби Давид Димевски. Тоа се веќе четири добри ракометари кои минаа обука во Автокоманда, а таа бројка не е конечна.

foto: GRK Tikves

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk