Играч на Војводина ќе го менува Моралес

Унгарскиот тим Татабања, екипа која успеа да се пласира веднаш зад Веспрем и Сегед на табелата, сметаше дека направи добар дил кога се договори со Куни Моралес, некогашниот играч на Вардар.
Но, Кубанецот немаше среќа. Се повреди додека играше ЛШ за Загреб и не стигна навреме да се рехабилитира за конечен потпис со Татабања. 
Куни Моралес потпиша за Хапоел Ришон од Израел, а Татабања продолжи да бара нов играч на десната бековска позиција. 

Новото име во Татабања е Милан Голубовиќ, десниот бек на Војводина. Тој има 24 години и сосем солидна сезона зад себе, доволно добра за потег да одигра унгарскиот клуб. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk