Петар Ненадиќ ја заврши кариерата

foto: Telekom Veszprem

Уште едно големо ракометно име летово ја завршува кареирата. По Карабатиќ, Хансен, Гензајмер, Кањељас, Жерар, Чупиќ, Гајиќ, Шего, редот дојде и на српскиот ракометар Петар Ненадиќ. 
Можеше да се очекува, откако реши да скршне од европската кариера и една сезона да игра на Блискиот исток дека крајот е блиску.
Денеска со објава на Инстаграм, информираше дека донел конечна одлука - крај на кариерата.
Точно 21 година Петар Ненадиќ играше на професионално ниво, почна од Ц. Звезда, а патот го однесе и во Барселона и во ПСЖ, играше и Сегед и за Веспрем, за Висла и за Берлин. На крајот замина во Ал Калеј да го пополни „грнето“ и да се збогува со спортот како играч. 
Врвот во каериаат му беше пред десетина години кога беше најдобар стрелец во Бундеслигата, но играше на високо ниво речиси до крајот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk