Вардар најде замена за Јасухира

Најдобриот играч на Вардар минатата сезона, Косуке Јасухира замина од клубот, а Вардар веќе има спремно замена за него. Според срспкиот портал Балкан Хендбал, новото име во Вардар на позицијата централен бек ќе биде 32 годишниот Младен Крсманчиќ. 
Тој доаѓа од екипата на Чурго во која играше последните пет години, а претходно има настапувано и во Шпанија.

Очекуваме потврда за трансферот да објави и Вардар каде што претходно потпишаа украинскиот бек Димитро Горига, тунискиот бек Ашраф Маргели, португалското крило Мигуел Пинто и македонскиот бек Томче Стојановски. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk