Лазаров ќе биде предавач на „Handball 4 All"

Продолжува традиција долга 14 години на меѓународниот проект „Handball4all“. Годинава во Белград, од 28-30 јуни ќе се соберат тренери од просторите на повеќе земји кои делат ракометна традиција, а и ќе се разберат без преведувач. 
„Белградско издание“ е работното име на годинешниот собир на кој предавања на различни теми ќе држат тренери од повеќе земји.
Актуелниот селектор на машката репрезентација на Македонија и тренер на РК Алкалоид, Кирил Лазаров ќе биде еден од предавачите, a а темите ќе се обработуваат теоретски и практично. 
Драган Ѓукиќ, поранешен селектор на Македонија и ИХФ/ЕХФ лектор ќе има свое излагање, Даниел Анѓелковиќ, официјално трета година по ред најдобар тренер во Франција, потоа на поле псхилогија ќе биде Бојана Јеличиќ (ИХФ/ЕХФ лектор)... 



Ова ќе биде добра шанса во послендниот викенд во јуни да се соберат тренерите од регионот, а присуството ќе биде бесплатно. Како дел од програмата е и следење на финалните натпревари на турнирот во младински категории, Belgrade Summer Cup. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk