Михаил Петровски поднесе оставка

Шокантниот пораз на Е. Пелистер 2 во бараж мечот за опстанок во Суперлигата од Радовиш, значеше и крај на соработката на тренерот Михаил Петровски. 
Петровски го понесе својот дел од одговорноста за испаѓањето на клубот во понизок ранг два дена по натпреварот поднесе оставка која клубот веднаш ја прифати.
Беше за очекување ваков расплет, незадоволството во Битола по испаѓањето на клубот во понизок ранг еруптираше веднаш по натпреварот, а најапострофиран логично беше тренерот. 
Дали по ова ќе се затвори кругот и ќе се смират страстита или може да има и домино ефект, ќе следиме и ќе видиме. 
Подвлечено, толку посакуваното кратење на Суперлигата може и да не го даде саканиот ефект, дури напротив, но добар дел од клубовите беа тие кои го бараа тој процес и на крајот и го добија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk