Странскиот играч кој остави најсилен впечаток минатата сезона, генерално и со години наназад, Косуке Јасухира, следната сезона нема да биде дел од Вардар 1961.
Јапонецот заминува во Кувајт, неговата нова екипа е Бурхан. Така најави Хендбал Арабик, клубот сѐ уште нема потврдено.
Но, имаме причини да веруваме дека информацијата е точна, затоа што шпекулацијата за преселбата на Косуке во Кувајт не е нова, а сумата која се споменуваше е најмалку трипати повисока од досегашната.
Косуке е ракометар кој прв пат го запознавме на Светското кадетско првенство во Македонија во 2019 година. Тој мундијал се покажа како голем расадник на таленти (Симон Питлик, Мадс Хоксер, Мартим Кошта, Јулијан Костер, Филип Ахуансу...) а меѓу нив и брзиот Јапонец.
Во Вардар 1961 дојде како позјамен играч од полската Висла каде што беше користен само за домашните натпревари и стана вишок во стратегијата на шпанскиот тренер Хавиер Сабате.
Блескаше во Македонија, заработи позајмица на Блискиот исток, во Ал Кадсија, а го привлече вниманието и на квалификациите за ОИ што се играа исто така на Блискиот исток. Таму и се повреди, но брзо се врати во игра.
Сега, очекуваме официјална потврда дека одново заминува на исток, во кувајтскиот клуб Бурхан.
Поврзани вести