Базирајќи се на постигнатиот пласман на екипите во завршената сезона, пријавите на македонските екипи во Европските купови следната сезона, изгледаат вака:
Актуелниот првак Е. Пелистер е пријавен за надградба, одосно за него е побарана вајлд карта за настап во Лигата на шампионите.
Екипата на Вардар 1961 е пријавена во ЕХФ Европската Лига.
Екипите на Алкалоид и Охрид се пријавени во ЕХФ Куп.
Екипата на ГРК Тиквеш аплицираше за место, односно вајлд карта за настап во ЕХФ Куп.
Во женска конкуренција, екипата на Ѓ. Петров е пријавена во ЕХФ Европската лига.
Екипите на Металург Автокоманда и на Чаир се пријавени во ЕХФ Куп.
Каков ќе биде финалниот распоред, зависи од една тоа дали ЕХФ ќе му даде вајлд карта за настап во Лигата на шампионите на Пелистер. Од наш агол, шансите постојат, но не се големи.
Ланските 14/14 порази и фактот дека во моментот кога ќе се одлучува екипата не е драстично сменета на подбро е најголемиот хендикеп за битолчани. Но, да се надеваме дека ќе биде поинаку.
Ако Пелистер не добие вајлд карта, тогаш ќе игра во групната фаза на ЕХФ Европската лига, а Вардар ќе игра квалификациско коло.
Ако, пак, првакот добие вајлд карта, тогаш по редот на нештата Вардар ќе игра во групната фаза на ЕХФ Европската лига, а ќе се отвори место и за надградба, односно Алкалоид ќе може да бара промоција во ЕХФ Европската лига.
Но, клуубот од Автокоманда ќе мора да биде внимателен ако треба да носи таква одлука, затоа што Извршната комисија на ЕХФ пресече и екипите што бараат надградба нема да играат во групната фаза како лани, туку ќе играат квалификации. А таму ќе има ѕверки како Мелзунген, Гумерзбах, Целје, Војводина...
Во женска конкуренција, Ѓорче Петров ЖРК годинава реши да игра една класа повисоко од лани и се пријави за ЕХФ Европската лига.
Македонија ќе има само три од дозволени четири претставника, затоа што Вардар одлучи оваа сезона да ја прескокне.
Поврзани вести