ЦИРКУЗ ТАТРАН: Тренерот со гол задник се одјави од клупата

Екипата на Повашка Бистрица минатата сезона успеа да прекине низа од шампионски титули на Татран Прешов што траеше цели 15 години. 
Сезонава Татран се врати на тронот победувајќи ја Бистрица со 3-2 во Плејоф серијата. Финалниот меч имаше „украсен“ детал. 

Однапред се знаеше дека тренерот на Татран, Словакот Павол Јано заминува од клубот, а се знаеше и дека Ратко Ѓурковиќ, црногорскиот тренер доаѓа на неговото место. 

На финалниот петти меч, последниот во серијата, откако стана јасно дека Татран ќе победи и ќе стане првак (26-22 е патем конечниот резултат на петтиот меч), Павол Јано имаше јасна порака за „некого“. 

Прво револтирано регираше кон своите асистенти, а потоа го покажа задникот кон трибината и со таков „стил“ се одјави од клупата на новиот словачки шампион. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk