Татабања најде замена за Ѓукиќ

Екипата на Татабања денеска објави кој ќе биде нивиниот нов тренер, замената за поранешниот македонски селектор Драган Ѓукиќ со кого се договори за прекин на соработката што требаше да трае уште две сезони.
Изнендувачки, Татабања се реши на тренерската позиција да го постави ракометарот Кристијан Угалде. Тој требаше да игра барем уште една сезона, но се реши да ја прекине кариерата и веднаш да се префрли во улогата на прв тренер во тимот.
Угалде е поранешен играч на Барселона, Веспрем, АЕК, а од 2022 е во Татабања. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk