Битола одново на нозе, се бара одговорност

Вчерашниот пораз на Еурофарм Пелистер 2 во баражот за место во Суперлигата одново ја крена Битола на нозе. Вториот битолски тим во кој играат јуниорски репрезентативци, понекој поискусен играч, а имаат и странци, беше поразен од Радовиш со шокирачки гол од слободен удар по истекот на времето.
Но, тоа беше финалниот удар, претходно битолчани имаа плус шест гола предност, во финишот имаа и водство и посед на топка, но... 

Социјалните мрежи зовреа по натпреварот, се бара одговорност. 

Навивачки (фан) профил на социјалните медиуми веќе најави заминување на капитенот Стефан Талевски. Официјална потврда на ова нема, а нема засега ниту реакција од клубот. 
Но, несомнено ќе ја има, судејќи според гневот на навивачите. Играњето во понизок ранг ќе има домино ефект и ќе донесе принудно менување на концептот. Каков ќе биде новиот концепт, ќе видиме. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk