Грешникот О'Саливен

foto: SG Magdeburg

Норвешкиот ас Кристијан О'Саливен е сопственик на непријатен рекорд кога ќе стане збор за Фајналфор турнирите во Келн.
Четири пати настапил на Ф4, четири пати почнал натпревар, ниту еднаш не завршил. Сите четири меча ги завршил предвреме со црвен картон.
На вчеразавршениот Ф4, О'Саливен доби два директни црвени картони. Против Алборг во 48 минута, против Кил уште во првото полувреме. 

„Во кареирата имам добиено шест црвени картони, четири од нив се во Келн“, коментираше О'Саливен. 

Кристијан О'Саливен има 32 години од кои 10 е репрезентативец на Норвешка, а последните осум ракометар на Магдебург. Тој нема статус на ѕвезда, главно игра одбрана, но е многу важна алка затоа што најчесто од него тргнува сѐ. Најчесто тој е првиот човек од кого тргнува транзицијата по која се особоено познат скандинавскиот ракомет и креатор на првиот убиствен бран и со него и без него е голема разлика на теренот.  

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk