Барса е нов шампион! Хансен без пехар ја заврши кариерата


БАРСА - АЛБОРГ 31-30 (15-15)
Ричардсон 8, Мем 7, Н'Гесан 6 - Хансен 8, Хоксер 6, Арнолдсен 6

Барса ја освои својата 11 шампионска титула во ЛШ (според  ЕХФ), нивна вкупно 12 та во историјата. Во меѓусебниот скор со Алборг сега води 12-0, а во меѓусебниот скор во финале на ЛШ со Алборг води 2-0. 
Вечерва Барса беше за нијанса подобриот противник во финалето. Меч кој беше целосно израмнет и во кој речиси и да немаше Х фактор. Можеби Барса беше посреќна, посебно во последните 10 минути кога пикерот Луиш Фраде собра два отпадока по одбрани на голманот Никлас Ландин и ги претвори во гол. Можеби подобрата голманска ротација која во последните минути го врати Емил Нилсен на голот, а тој одбрани два шута по кои Барса стигна и до плус три. 
Можеби Х факторот што му требаше на Алборг беше Микел Хансен. Како играч кој завршува кариера без шампионски пехар, очекувавме од него повеќе крв во очите и вампирски заби, но добивме скандинавска ладнокрвност. 
По мечот како да видовме солзи во очите. Имаше шанса со последниот шут да го репризира ударот од ОИ 2008, но овој пат среќата му го сврте грбот. Шутот од слободен удар, за реми, заврши во пречката,
Ќе си остане така за навек македонскиот и сеир - Која е разликата меѓу Владо Недановски и Микел Хансен?

Финалето за разлика од трите претходни мечеви на Ф4 беше ракомет par excellence. Одлични голмани, одлични шутери индивидуалци на двете страни. 
Резултатските Барса диктираше резултат, но Алборг постојано беше блиску. Доволно за да се бори за продолженија, но во клучните моменти немаше доволно среќа. 

Финалето беше и најава за новите ракометни ѕвезди: Хоксер и Цикуша, смена на генерациите Нилсен со Ландин и уште еден пехар плус во витрините на Аитор Арињо ракометарот на Барса кој конкурира да стане играч со најмногу освоени пехари во Барселона, во историјата во сите спортски колективи на Барса. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk