Кил со мотив повеќе за трето место

foto archive/ THW Kiel

КИЛ - МАГДЕБУРГ  32-28 (23-14)

Кил имаше повеќе мотив денеска од Магдебург или пак беше поголем „кабаетлија“ по вчерашните полуфинални порази на двата германски претставника на Ф4 во Келн.
Меч за трето место, се игра за публика, за забава, за повисоките ешалони да се покажат уште еднаш во сала пред финалето. Меч за трето место е неблагодарен за ракометарите, нивните клубови, тренер, па и за медиумите. 
Кил беше поголемиот должник од вчеашните мечеви и поамбициозно отвори, со силна одбрана и почетно водство од 4-1. Магдебург изгледаше како екипа која е спремна да игра ревијален меч, без одбрани.
Кил тоа го истористи и постигна дури 23 гола во првиот дел, пет повеќе отколку во целото вчерашно полуфинале. Стигнаа зебрите и до плус девет во првото полувреме и на сѐ уште актуелниот шампион му се закануваше катастрофа. Мораше Магдебург да стегне заби во вториот дел и го симна Кил од 23 на само 9 гола во второто полувреме. 
Но, разликата беше преголема за пресврт. Шоуто за германските екипи заврши, сега очекуваме, барем од Кил да излезе во поконкретни потези. Доаѓаат Бенце и Мадсен, си одат Екберг и Вајнхолд, но тоа се чини нема да биде доволно. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk