Дебакл на Кил, Барса е во финале

КИЛ - БАРСА  18:30 (9-15)
Рардсон 5, Цикуша 4, Арињо 4, Ване 4 - Дувњак 4, Рајнкинд 3

Верувале или не, Кил - Барса 18:30, не означува време на почетокот на натпреварот, туку за жал на армијата црно-бели навивачи, тоа е конечниот резултат од полуфиналето во ЛШ одиграно пред речиси 20.000 гледачи во Келн. 
Ланксес Арената е место на кое се случуваат чуда, но вечерва најголемиот дел од фановите единствено за што ќе се чудат е како можеше Кил вака да се претстави на Ф4. 

Спојот на младост и искуство или во случајов на стари и млади видовме и низ сезоната, а и вечерва не беше симбиотичен. Младите дивееја како сакаат цел натпревар, старите покажаа дека годината на приозводство е битен фактор, а дури би рекле и жално беше на моменти да се гледаат ѕвезди како Дувњак, Вајнхолд, Екберг се обидуваат да ја вратат избеганата локомотива на колосек, а на спротивната страна ги решатаат голобради момчиња како Цикуша и Макуц.
И како уште еден декор на натпреварот - тренерот Филип Јиха како немоќно го гледа мечот односно бродот што тоне.
Единственото во што и старите и младите ѕвезди на Кил вечерва е беа еднакви е бројот на одбрани што му ги сервираа на неверојатниот голман Емил Нилсен кој беше на 50% одбранети удари цел натпревар, а излезе во 50 минута испратен со овации од 20.000 гледачи. 

Резултатски нема или не вреди многу да се опишува натпревар кој не беше на ниво на Фајналфор. Рамнправно до резултат 9-6, период во кој Кил 10 минути не постигна гол, а Барса седум минути. Потоа Барса почна да дава голови со двојно поголема брзина од Кил и на одмор се замина со резултат 15-9. Барса поведе и со 18-10, но Кил врати со серија од 4-0 со која стигна до 14-18. Следеше тајм аут на Барса, а потоа вториот дел од шоуто на Емил Нилсен, па разликата отиде преку 10 гола. 
Конечно 18:30, една од најголемите и најлесните победи на Барса над Кил воопшто.

Утре со почеток од 15:00 часот се среќаваат Кил и Магдебург во меч за третото место, а од 18:00 часот ќе играат Барса и Алборг во реприза на финалето од 2021 година. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk