Детронизирање: Шампионот е аут, Алборг во финале

foto © Aalborghaandbold

МАГДЕБУРГ - АЛБОРГ  26-28 (11-11)
Магнусон 10, Клар 4, Муше 4 - Хоксер 8, Бартолд 6, Хансен 5, Арнолдсен 5

Европа ќе има нов првак. Денеска во првото полуфинале Алборг го совлада и елиминираше бранителот на пехарот Магдебург и по втор пат ќе игра во директен меч за шампионски пехар. Микел Хансен ќе има уште еден последен обид да стане европски шампион и со најдрагоецениот клупски пехар да замине во ракометна пензија. 

Магдебург и Алборг одираа прво полувреме што е блиску да го наречеме антиракометно со оглед на големината на настанот и имињата што беа на теренот. Здодевно, со многу внимателност, малку ризик, малку голови и течност на играта. По 30 минути беше 11-11. 
Вториот дел беше поатрактивен, поднамичен, но не видовме којзнае колку од препознатливиот жар. Шаховски меч, гол за гол, без ниту една екипа да успее да направи барем два гола плус.

Беше 18-18 во 43 минута кога О'Саливен доби директен црвен картон за опасен старт врз раката на Арнолдсен. Тоа го смени Магдебург, иако не се виде на семафорот. О'Саливен е еден од главните играчи во одбраната и човек од кого тргнува транзицијата.
Гол за гол, без многу ризик до 53 минута кога Штефан Мадсен, тренерот на Алборг се реши за  седум на шест во напад и на голот го врати Никлас Ландин кој по првите 18 минути имаше само една одбрана. 

Нападот функционираше со голови од девет метри, а клучниот момент на мечот беше интервенција на Ландин по која Алборг прв пат стигна до плус два. На крајот се покажа одлучувачки. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk